Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Морган Шнедерлин кариерата ќе ја продолжи во Евертон, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите тврад дека трансферот е веќе договорен и дека „карамелите“ за потписот на Шнедерлин ќе платат 18 милиони фунти.
Шнедерлин пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година по барање на Ван Гал, но оваа сезона кај Мурињо падна во втор план, па јасно беше дека ќе ја промени средината.
Французинот во Евертон повторно ќе соработува со Роналд Куман со кого соработуваше во Саутемптон и тоа ќе биде голема шанса да ја „оживее“ својата кариера.