Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: На оние кои мислат дека Рома е лесен ждреб не можам да им помогнам

Клоп: На оние кои мислат дека Рома е лесен ждреб не можам да им помогнам

Ливерпул во ждребот за полуфиналето во Лигата на шампионите ја доби Рома за противник. Првиот натпревар се игра на 24 април на „Енфилд“ додека реваншот на 2 мај на „Олимпико“.

На прв поглед според многумина Ливерпул имаше најдобар ждреб, но тренерот на „црвените“ не мисли така.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„На оние кои мислат дека Рома е лесен ждреб не можам да им помогнам бидејќи очигледно не ја гледаа Рома против Барселона. Во првиот натпревар во кој изгубија 4:1 го гледавме генијалниот Меси против одличната Рома. Бев фасциниран од тоа како одиграа во реваншот. Според играта требаше да победат со 4:0 или 5:0, беа навистина фантастични“.

„Никогаш не сум бил во Рим, ниту како турист, па така ова е целосно ново искуство за мене. Верувам дека станува збор за прекрасен град, но не одам да го разгледувам. За нашиот Салах овој двомеч ќе биде посебен, бидејќи играше во Рома. Тие имаат фантастична атмосфера на својот стадион, но сигурен сум дека нема да мислат дека тоа им е некоја голема предност“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…