Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА спрема жестоки казни: Физички судир во тунелот на Бернабеу

УЕФА спрема жестоки казни: Физички судир во тунелот на Бернабеу

Фудбалскиот свет сеуште зборува за реванш натпреварот во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Се започна кога Мајкл Оливер досуди контроверзен пенал во корист на Кралевите во третата минута од продолжението, поради која одлука играчите на Јувентус беа лути.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тензиите на теренот, но и надвор од него беа големи, а како што тврди Repubblica дошло до физички контакт и во тунелот на Сантијаго Бернабеу.

Наводно, главната улога ја имал дефанзивецот на Реал, Марсело. Според пишувањата на овој медиум Бразилецот предизвикал физички судир во кој учествувале неколку фудбалери на двата тима.

УЕФА покренала истрага. Се собираат информации за она што се случило и наводно се можни жестоки казни, па дури и долгорочни суспензии.

Исто така, казна веројатно ќе заработи и капитенот на Кралевите, Серхио Рамос кој се најде на теренот во финишот од натпреварот, иако не смееше да биде во одредени делови поради суспензијата која ја имаше.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…