Се работи за интересите на репрезентацијата…
Во Каталонија елиминацијата од Рома е дочекана како катастрофа и големо фијаско, но затоа во Аргентина се славеше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чудно звучи, посебно што најдобриот фудбалер на Барселона е токму Аргентинец – Лионел Меси. Сепак, тоа не е важно, важна е репрезентацијата.
Локалниот весник „Oле“ елиминацијата на Каталонците ја протолкува како добра вест за „Гаучосите“.
„На испаѓањето на Барселона треба да се гледа од позитивната страна. Лео Меси на Мундијалот ќе патува со три тешки натпревари помалку“, констатираше познатиот спортски весник.
Ништо помалку еуфоричен не беше ниту „Ла Насион“ со наслов: „Убава вест за Аргентина: Меси испадна“