Дома Фудбал Лига на шампиони Џеко: Не паметам полоша Барселона, нашата цел сега е финале

Џеко: Не паметам полоша Барселона, нашата цел сега е финале

Малку кој веруваше дека Рома е во состојба да ја елиминира Барселона, посебно после првиот натпревар во кој „волчицата“ беше поразена со 4:1.

Меѓутоа фудбалот не би бил тоа што е доколку од време на време не бидеме сведоци на чудо кое ќе остане запаметено засекогаш.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вчерашната победа на Рома против Барселона сигурно ќе се прераскажува и за 50 години…

„После првиот натпревар беше тешко да се верува дека можеме да излеземе како победници, но успеавме во свој стил да ја оствариме целта. Моравме да внимаваме да не примиме гол, бидејќи во првиот натпревар тие ја искористија секоја прилика“.

„Првиот гол многу ни значеше, станавме свесни за својата шанса и тргнавме уште повеќе да напаѓаме. На крајот сето тоа ни се исплатеше. Не паметам полоша Барселона, навистина не можам да се сетам на ниту една нивна прилика. Никогаш не се мачеле толку, бевме одлични и се изборивме за ова чудо“.

„Сега покажавме дека можеме да играме против секого. Ова е навистина одлично, но можеби сега следи нешто уште поголемо. Нашата цел сега е финале“, изјави Џеко.

Ждребот за полуфиналните парови е закажан за 13 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го отпиша најскапиот фудбалер во историјата на клубот

Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика летото 2022 година за отштета од 85 милиони евра…