Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп ги израдува навивачите и порача: Не заборавајте дека тука изгубивме 5:0

Клоп ги израдува навивачите и порача: Не заборавајте дека тука изгубивме 5:0

Прашањето кое во последните денови си го поставуваат веројатно поголемиот дел од навивачите на Ливерпул е – дали Салах ќе игра на „Итихад“?

На конференцијата пред утрешниот натпревар, менаџерот Јирген Клоп зборуваше на оваа тема и може да се каже дека ги израдува фановите на „црвените“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Салах не е 100% спремен. Не сум одлучил дали ќе игра, ќе видиме. Можам да кажам само дека во овој момент е поблиску до тоа да заигра отколку да остане на клупата“.

„На почетокот на сезоната овде изгубивме 5:0, не смеете тоа да го заборавите. Европските ноќи се посебни за Ливерпул и мислам дека имаме повеќе искуство од нашиот противник. Нивниот квалитет не се доведува во прашање, Пеп е најдобриот тренер во светот, но совршен тим не постои“, изјави Клоп.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити се игра утре со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …