Повредата на Мануел Нојер го загрижи раководството на минхенски Баерн, па баварскиот великан би можел во текот на летото да донесе квалитетна замена за 32. годишниот голман.
Наводно, Баерн спремил понуда за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој го гледа како идеална замена за Нојер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тер Штеген е резервен голман во репрезентацијата на Германија, но многу лесно може да се случи да биде и прв чувар на мрежата за предстојното СП во Русија.
Сепак, дури после Мундијалот може да биде интересно. Понудата на Баерн наводно е доста сериозна, но прашање е дали Барса ќе се согласи да го продаде голманот кој има договор до 2022. година.
Тер Штеген е член на Барса од 2014. година. Пристигна од Борусија Менхенгладбах за 12 милиони евра и од претходната сезона стана прв голман на клубот. Во првата сезона за Каталонците беше замена на Клаудио Браво.