Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, на прес-конференцијата по триумфот над Митјиланд рече дека македонскиот првак треба да биде поагресивен на реваншот во Скопје.

Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот, изјави Андреа Пенезиќ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вардар е на чекор до пласман на завршниот турнири во женската Лига на шампионите по синоќешната победа во Данска со 24:23.

Реваншот со Митјиланд е на 14 април во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ одговори на обвинувањата од ФК Вардар!

Откако ФК Вардар претходно објави соопштение во кое ја обвини Фудбалската федерација на Ма…