Дома Фудбал Италија Крај на сите сништа за „Росонерите“: Генерација која заминува во историја, се подготвува голема реконструкција…

Крај на сите сништа за „Росонерите“: Генерација која заминува во историја, се подготвува голема реконструкција…

По синоќешната „нула“ во дербито работите се јасни како и редоследот на потезите. Две ѕвезди и уште петтмина фудбалери со нив како и промашената инвестиција го напуштаат клубот…

Ремито против Интер значи и дефинитивно простување на Милан од ЛШ. Јасно е, ќе мораат да продадат играчи по многуте потрошени пари изминатото лето и несупехот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


И натаму нема пари од сопствениците, се е пролонгирано за половината на април, а нема ниту време за договор со УЕФА, јасно, „Росонерите“ ги очекува голем предизвик.

Тренерот се знае, Џенаро Гатузо денес потпиша договор, па таа работа е решена. Во зависност од развојот на финансиската ситуација, ќе видиме што ќе се случува со сопствеништвото, но она што Милан мора да го направи е да ја наполни касата.

На продажба се Донарума и Сусо и тоа не е тајна, тие своето последно дерби го одиграа.

Но, тоа не е се, клубот ќе проба да се ослободи од промашената инвестиција, Никола Калиниќ, Хрватот ќе го напушти клубот, во Милан се надеваат дека ќе пристигне понуда од Кина.

Освен него, заминуваат и Мусакио кој разочара, играчите од втор план како што се Густаво Гомез и Луке Антонели кои ќе го отстапат местото на Стриниќ. Мануел Локатели ќе биде продаден со право за откупување на договорот.

Нема ништо од враќањето на Бака, ако и Виљареал не го откупу, Милан е подготвен да го продаде и по ниска цена, во нападот сите карти ќе се фрлат на Силва и Кутроне, а треба да се очекуваат уште неколку засилувања, пред се млади играчи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…