Европскиот шампион Реал Мадрид на Светското клупско првенство после продолженија славеше над Кашина со 4:2, меѓутоа дамка на победата на „кралевите“ фрли судијата Џени Сиказве.
Имено, главниот судија во последните минути од натпреварот му прогледа „низ прсти“ на капитенот Серхио Рамос и не му покажа втор жолт картон иако имаше намера да го направи тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арбитарот од Замбија најпрво се фати за џеб да му додели жолт картон, но кога свати дека тоа ќе биде исклучување ја промени одлуката и тоа стана главна тема во светските медиуми.
Сиказве после натпреварот се огласи за спорната ситуација и ја објасни својата одлука велејќи дека станувало збор за „недоразбирање“ со неговиот колега.
„Помошникот ме предупреди за прекршокот и преку слушалки ми рече ’не е за картон’, но јас слушнав само картон“, објасни судијата.