Дома Фудбал Италија Операцијата успешна – Конти се враќа во септември

Операцијата успешна – Конти се враќа во септември

Андреа Конти минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но ја пропушти целата сезона поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот десен бек ги повреди лигаментите на коленото во септември и отсуствуваше од терените цели 6 месеци.

Во моментите кога целосно се опорави, се врати во тренажен процес и беше српремен за игра, повторно го повреди истото колено.

Денес Конти имаше уште една операција, а од Милан соопштија дека поминала успешно и дека рехабилитацијата ќе трае 5 до 6 месеци.

„Ова беше лоша година за мене. Меѓутоа смирен сум, сакам да се опоравам од во септември да се вратам посилен за следната сезона“, изјави Конти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…