Кристијано Роналдо веќе во третата минута повторно беше кобен по Џиџи Буфон, а учинокот на Португалецот е неверојатен.
Тој сега стигна до својот 13. гол во ЛШ оваа сезона и вкупно 118 во ова натпреварување, постави и рекорд, погодувајќи на 10 средби во низа од финалето во Кардиф, кога постигна два погодоци, на девет меча оваа сезона постигна уште 13.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, не е тоа се, Роналдо постигна погодок на секоја од шестте меѓусебни средби против Јувентус, што значи дека пеницилин за Буфон.
Но, тој не е единствениот херој во првиот дел од играта, бидејќи да не беше Кејлор Навас, резултатот секако би бил поинаков.
Во 24. минута по прекинот,го фати волејот на Игуаин од осум метри, каде Костариканецот маестрално реагираше и рефлексно го сочува својот гол.
И по се, велат Реал на лето треба, односно бара нов голман и нов напаѓач.
Покрај ваков Роналдо, може било кој да игра во нападот, Реал нема да има проблеми, а истото важи и за позицијата чувар на мрежата.
Поточно, делува дека и натаму ништо друго не им е потребно…