Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул ги собра репрезентативците: Да тренираме и да им дадеме шанса на младите!

Раул ги собра репрезентативците: Да тренираме и да им дадеме шанса на младите!

Ова е прв собир на нашите ракометари по настапот на Европското првенство во Хрватска, а селекторот Раул Гонзалес повика комбиниран состав од вкупно 19 ракометари. Меѓу нив ќе ги нема Миркуловски, Јоновски, Прибак и Филип Лазаров, а шанса ќе добијат играчи како Крстевски, Димитриевски и Серафимов. На првата прозивка не се појавија ниту Кире Лазаров и Борко Ристовски кои имаа обврски со своите клубови.

Македонската репрезентација ќе тренира двапати дневно во „Борис Трајковски“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имаме една недела за да тренираме, да пробаме нови играчи и на пријателскиот натпревар со Русија во сабота сите играчи ќе добијат шанса. Верувам во играчите и очекувам од нив да продолжат со добрите игри. Мора да дадеме повеќе шанси на младите, бидејќи видовте што се случи на ЕП. Киро (Лазаров) се повреди и мораше да игра Мартин (Велковски), затоа е потребно младите да имаат поголема шанса да тренираат, истакна Раул на вчерашниот собир.

Мечот со Русија, кој ќе биде од затворен карактер,се игра вo сабота на 7-ми април, додека двата натпревари со Романија, преку кои во јуни ќе се брка пласман на СП во Германија, се играат на 10 и 13 јуни во Клуж, односно Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

Вардар го освежи својот стручен тим со доаѓањето на нов асистент кој ќе му помага на Гиљер…

Најнови спортски вести