Нов тренер на ракометниот клуб Пелистер од Битола е Томе Петрески. Тој доаѓа на местото на Борче Маркоски, кој после двата порази од Еурофарм Работник си даде отказ. Петрески во моментов е тренер на Кујида од Мароко, но очигледно не можеше да ја одбие понудата на Пелистер и да се врати во Македонија.

Пелистер со нивиот тренер ќе се обиде да обезбеди излез во Европа и да се оправда за двата пораза од градскиот ривал. Особено затоа што регуларниот дел од Супер Лигата го заврши на првото место и важи за еден од тимовите што може да го предизвика Металург во битката за второто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

Вардар го освежи својот стручен тим со доаѓањето на нов асистент кој ќе му помага на Гиљер…