Дома Актуелно Нолевска го напушта Виборг на крајот од сезоната

Нолевска го напушта Виборг на крајот од сезоната

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска (21) на крајот на сезоната ќе се раздели со Виборг. Трансферот го најавија данските медиуми, а го потврди и македонската ракометарка.

Нолевска во Виборг дојде по три сезони минати во екипите на Вардар и беше пријатно изненадување нејзиниот договор со најпознатиот дански женски ракометен клуб. Нејзиното резиме ќе биде збогатено со играњето меѓу „детелниките“, а искуството за млад играч во ваков клуб секако е голема придобивка што би требало да биде осткочна даска за нејзината понтамошна кариера.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Имам неколку опции за продолжување на кариерата, но засега не сум одлучила каде ќе продолжам“, изјави Нолевска.

Нолевска е ракометарка која игра на позицијата десно крило и си има свое место на списокот на селекторот Симе Симовски во женската сениорска репрезентација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар не можеше да си поверува колку е Бразил лош на теренот 🎥

Репрезентацијата на Бразил имаше разочарувачки почеток на Копа Америка и одигра само 0:0 п…