Кил е последната пречка за Вардар пред нов настап на Ф4 турнирот во Келн. Денеска, на реванш натпреварот од 1/8 финалето со Пик Сегед, Кил беше минимално поразен во Унгарија (27:28), но имаше голема предност од седум гола разлика (29:22) од првиот натпревар и се пласираше во 1/4 финалето, каде што го чека македонскиот и европски првак Вардар.

Пласман во 1/4 финалето и дуел со Скјерн си обезбеди и Нант. Французите одиграа нерешено 28:28 на домашен терен со сехалигашот Мешков Брест. Кирил Лазаров пласманот во 1/4 финалето го заокружи со 2 гола од 7 обиди.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со оглед на поразот од 17:41 на првиот меч, РНЛ на денешната средба со Келце ќе игра ревијален натпревар.

Парови за 1/4 финале:
КИЛ – ВАРДАР
КЕЛЦЕ – ПСЖ
ФЛЕНЗБУРГ – МОНПЕЉЕ
НАНТ – СКЈЕРН

Дуелите од четвртфиналето се закажани во периодот од 18 до 22 април, а реваншите една недела подоцна во периодот од 25 до 29 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ги дозна ривалите на ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците за претстојното Евро…