Денес од 17:00 часот на програмата е големото лондонско дерби помеѓу Челзи и Тотенхем.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека во случај на пораз ова би можело да биде последен натпревар за Антонио Конте на клупата на Челзи.
Менаџерот на Челзи веќе подолго време е под притисок од фудбалската јавност, поради резултатите на клубот.
Освен пласманот во полуфиналето од ФА Купот, Челзи на сите останати фронтови испадна од борбата за трофеј. Сепак, сезоната делумно би можела да биде спасена со пласманот во Лигата на шампионите, поради тоа натпреварот против Тотенхем е од огромна важност за „сините“.
„Важен натпревар е пред нас. Знаеме дека мораме да победиме ако сакаме да останеме во игра за Лигата на шампионите“, констатираше Конте на конференцијата за медиуми и продолжи:
„Морам да бидам искрен. Не знам што ќе се случи доколку изгубиме. Тоа сепак, не е мој проблем туку на клубот“, изјави Конте.