Дома Фудбал Италија Немал намера да слави – Бонучи откри кога и зошто одлучил да го прослави погодокот

Немал намера да слави – Бонучи откри кога и зошто одлучил да го прослави погодокот

bonucci

Јувентус го победи и Милан и така направи уште еден голем чекор кон титулата, но целото внимание во изминатата вечер беше насочено кон Леонардо Бонучи.

Првиот натпревар оваа сезона против Јувентус го пропушти, но вчера постигна гол против својот поранешен клуб и истиот го прослави со навивачите на Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На Јувентус му дадов се, за седум години одиграв повеќе минути од сите, освоив шест титули. Бев неодлучен дали да се радувам ако постигнам гол, но одлуката ја донесов на теренот“.

Што пресудило?

„Свирежите. Поголемиот дел од навивачите испраќаа свирежи, немаше некои тешки навреди, но после се не заслужив ваков пречек. На теренот одлучив голот да го прославам’.

Потоа Бонучи беше запрашан за пријателството со Киелини и Брзаљи.

„Па ми беа малку лути кога им дадов гол, но и јас би бил таков“, ги „боцна“ Бонучи своите поранешни соиграчи.

„Сепак пријателството останува, тоа не може никој до ни го забрани. Се шегевувавме дека му дадов гол на Буфон за да остане рекордот кој го поставивме заедно (на непримени голови)“, заврши „Бонучи“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…