Дома Останати Зверев закажа финале со Иснер во Мајами

Зверев закажа финале со Иснер во Мајами

Александар Зверев ќе му се спротивстави на Џон Иснер во финалето на Мајми Опен откако со 2-0 во сетови го совлада Пабло Карењо Буста.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во полуфиналето Зверев триумфираше со 7:6 и 6:2 над Шпанецот Пабло Карењо Буста и утре ќе има можност да ја освои третата титула од сериите Мастерс 1000 и вкупно седма во турнирите на АТП.

20 годишниот Александар Зверев не беше на потребното ниво во првиот сет, правеше грешки, па противникот успеа да се избореи за тајбрејк, каде дури и поведе со 3-0. Но четвртиот носител во Мајами одговори кога беше најпотребно и со серија од 7-1 го реши првиот сет во своја корист.

Тој продолжи во ист стил и во вториот сет, направи два брејка и стигна до 6-2 и победа за финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…