Дома Фудбал Англија Ван Гал: Сакав Манчестер Јунајтед да игра како Манчестер Сити

Ван Гал: Сакав Манчестер Јунајтед да игра како Манчестер Сити

van gal

Холанѓанецот е убеден дека од Манчестер Јунајтед можел да направи да игра како Манчестер Сити на Пеп Гвардиол, доколку добиел повеќе време од раководството.

Луис Ван Гал не се прослави баш како менаџер на „црвените ѓаволи“. Во текот на неговиот престој на „Олд Трафорд“ освои еден трофеј. Тој е убеден дека за нешто големо потребно е време и тврди дека навивачите сигурно гледале поубав фудбал отколку сега под водство на Мурињо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во изјава за германски „Билд“ искусниот стратег истакна дека неовата визија била Манчестер Јунајтед да изгледа како денешниот Манчестер Сити.

„Гвардиола сигурно е најдобриот менаџер во Премиер лигата. Од Манчестер Сити направи вистинска машинерија. Сити игра фудбал каков што јас сакав да игра Манчестер Јунајтед. Сепак, тој има подобри играчи, отколку јас во тоа време, но и доби подолго време и разбирање од раководството“, изјави Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…