Дома Фудбал Англија Вклучен алармот во Челзи: Триото заминува на прегледи и неизвесни за дербито против Тотенхем

Вклучен алармот во Челзи: Триото заминува на прегледи и неизвесни за дербито против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи го пречекуваат Тотенхем во големото дерби на 32. коло во Премиер лигата, што е директен дуел за пласман во Лигата на шампионитеи веројатно последниот воз кој може екипата на Конте да го фати во трката за топ 4.

Сепак, Челзи е во проблеми, со оглед на тоа дека Андреас Кристенсен, Тибо Куртоа и Давид Луиз мораат да заминат на тестови и до сабита нема да се знае дали ќе бидат подготвени.

Според првичните прогнози најмалку шанси да се врати има Давид Луиз, бидејќи мора да паузира околу три недели.

Конте потврди дека Гери Кејхил е опција да го замени Кристенсен ако не закрепне.

Мечот на Челзи и Тотенхем на програмата е во недела со почеток во 17 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…