Дома Ракомет Уште една титула за Каталонците: Ристовски и дружината најдобри во Шпанија, еве дел и од атмосферата (ВИДЕО)

Уште една титула за Каталонците: Ристовски и дружината најдобри во Шпанија, еве дел и од атмосферата (ВИДЕО)

Барселона официјално уште еднаш го подигна трофејот во шпанската АСОБАЛ лига.

Каталонските ракометари славеа вечерва над Куенка со 30:27 и го остварија 23 триумф по 24 одиграни меча.

Во вечерашниот триумф удел имаше и нашиот интернационалец, Борко Ристовски кој запиша 12 интервенции, односно 46.2% одбранети удари.

Следниот меч, Барселона ќе го игра против Монпелје во рамки на ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Европски викенд во Охрид: Мате бара предност пред вториот дуел со Драгунас

Охрид ќе ги одигра двата меча со литвански Драгунас пред своја публика. Доминик Мате посак…