Карло Анчелоти е еден од главните кандидати за клупата на италијанската репрезентација, но тој моментално „игра на две карти“, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Анчелоти во моментов преговара со Италијанската федерација и не ја одбива нивната понуда, но негова желба е сепак да води клуб од Премиер лигата.
Медиумите тврдат дека Анчелоти чека предлози од страна на Челзи и Арсенал, каде Антонио Конте и Арсен Венгер изгледаат сигурни патници по крајот на сезоната.
Италијанецот очекува понуда од некој клуб од Премиер лигата и доколку пристигне до 20-ти мај, тогаш ќе се пресели на Островот. Во спротивно ќе седне на кормилото на италијанската репрезентација, која е во сериозна криза по изгубениот бараж за место на Мундијалот 2018.
58-годишниот Италијанец моментално е без работа, откако беше отпуштен од Баерн Минхен на почетокот на сезоната.