Дома Фудбал Репрезентации И тоа се случи – капитенот на Реал Мадрид го пофали Меси

И тоа се случи – капитенот на Реал Мадрид го пофали Меси

messi ramos

Селекцијата на Шпанија во вчерашниот пријателски натпревар ја декласираше селекцијата на Аргентина со убедливи 6:1, а дел од овој натпревар беше и капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос.

Рамос по убедливата победа се обиде да ја смири еуфоријата и истакна дека ова е само пријателски натпревар, но она што е најинтересно го пофали, ни помалку, ни повеќе – Лионел Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Навистина е убаво кога силна селекција каква што е Аргентина ќе ја победите со убедлив резултат, но мораме цврсто да стоиме на земја, ова беше само пријателски натпревар и се уште ништо не сме направиле. Најдоброто треба да го покажеме на Мундијалот“, изјави Рамос, а потоа следуваше пофалба за Лео Меси.

„Меси е навистина голем и уникатен играч, дефинитивно Аргентина не е иста со и без него во тимот“, заклучи Рамос.

Меси поради претпазливост од посериозна повреда го пропушти вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…