Дома Фудбал Нема крај за проблемите на Конти во Милан

Нема крај за проблемите на Конти во Милан

Талентот на италијанскиот фудбал и член на Милан, Андреа Конти доживеа нова повреда и предвреме го заврши денешниот тренинг, информира „Газета дело Спорт“.

Конти штотуку закрепна од тешката повреда на коленото поради која беше надвор од терените цели 6 месеци, а сега повторно доживеа нова повреда.

Левиот бек се уште се немаше вратено на терените, после повредата во септември, а италијанските медиуми информираат дека повредата повторно е на истото колено.

Иако Милан се уште се нема официјално огласено за повредата, медиумите тврдат дека овој пат настрадал менискусот, а тоа најверојатно значи дека нема да се врати до крајот на сезоната.

Конти минатото лето пристигна во Милан како големо засилување од Аталанта за 24 милиони евра, но за жал целата сезона има проблеми со повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…