Дома Македонски спорт Мак фудбал Скопје по примерот на Вардар, побара и доби: Одложен натпреварот помеѓу Скопје и Шкендија

Скопје по примерот на Вардар, побара и доби: Одложен натпреварот помеѓу Скопје и Шкендија

По вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар во македонското првенство од 25 коло одложен ќе биде и натпреварот помеѓу Скопје и Шкендија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како официјална причина наведена е истата – отсутвото на премногу играчи поради репрезентативните обврски.

Имено, по одобрувањето на Вардар тимот на Скопје побарал одложување на натпреварот поради истата причина. Тие потенцирале дека имаат тројца фудбалери кои во овој период имаат репрезентативни обврски, а тоа се Стефковски, Личина и Демири.

За натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер беше највено дека би можел да биде одигран во мај, додека за оваа средба засега нема никакви информации.

По ова во четврток во 25 коло на распоредот во македонското првенство ќе гледаме четири средби.

Работнички – Академија Пандев

Силекс – Победа

Ренова – Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …