Трките во Формула 1 конечно ќе им бидат достапни на спортската јавност во Македонија.
Имено, како што објавија на својата официјална страна „Телевизија 24“ ги обезбеди правата за пренос на трките во Формула 1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако пред почетокот на сезоната беше најавено дека ниту една македонска телевизија по раскинувањето на договорот на МРТ нема да ги откупи правата, сепак за среќа ќе имаме можност да уживаме во возбудувањата на патеките.
Една трка во шампионатот веќе беше одржана и победата ја однесе Себастијан Фетел од Ферари. Преносите на „Телевија 24“ стартуваат со трката за Големата награда на Бахреин на 8 април.