Дома Топ вести Бекам прави тим од соништата во Мајами

Бекам прави тим од соништата во Мајами

Легендата за англискиот и светскиот фудбал Дејвид Бекам доби дозвола да основа нов тим во МЛС.

Бекам ќе биде сопственик на тимот од Мајами во 2020 година, а овој тим ќе стане 25. во американската МЛС лига.
 
Бекс има големи планови со овој тим. Тој планира да донесе големи имиња, а тренерот на неговиот тим го гледа во италијанскиот експерт Карло Анчелоти со кого накратко соработуваше во ПСЖ во 2013 година.

Ако со Анчелоти не успее, Бекам ќе се сврти кон преговори со Зинедин Зидан или Брус Арена, но тоа не е сè што сака да го направи во својот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчкиот кадар на Мајами треба да биде составен со ѕвезди кои се на крајот на нивната кариера. Тој има намера да понуди договори на Кристијано Роналдо и Вејн Руни, кој ќе биде првото засилување на овој тим во 2020 година.

Руни претходно објави дека е заинтересиран да ја заврши својата кариера во САД, додека Роналдо ја објави таквата можност, но неговото доведување ќе биде навистина тешка задача, дури и за Бекам.

Сепак, сигурно е дека ќе има и такви кои тешко ќе ги отфрлат понудите на англиската легенда, па затоа Мајами веднаш може да биде конкурент за висок пласман во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…