Дома Фудбал Англија Фабрегас ја остави отворена можноста за враќање во Арсенал

Фабрегас ја остави отворена можноста за враќање во Арсенал

Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ја истави отворена можноста да се врати во редовите на Арсенал.

Иако после Арсенал, Фабрегас играше за Барселона и моментално за Челси, сепак мора да се признае дека најдобрите денови од кариерата ги помина во дресот на Арсенал, каде би можел да се врати еден ден.


Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За време на сесија на Q & A на Твитер во неделата, Фабрегас беше запрашан: Дали ќе се вратите во Арсенал како тренер во иднина ако имате шанса? Неговиот одговор беше краток и јасен: “Се разбира”, изјави Фабрегас.

Да се потсетиме, Фабрегас има 30 години, а член на Арсенал беше се до 2011 година кога се пресели во Барселона, каде што играше во деновите на младоста. Тој моментно е член на Челси, каде што пристигна во летото 2015 година.

Во текот на оваа сезона, одигра вкупно 41 натпревар за Челзи и постигна два гола со девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе го нападна ПСЖ: Ми се заканија дека нема да играм цела година

Килијан Мбапе вчера и официјално беше промовиран за нов играч на Реал Мадрид, а денес го д…