Ѕвездата на Јувентус, Џорџо Kиелини се согласи на продолжување на договорот со гигантот од Серија А, дознава „Calcio Mercato“.
Фабрицио Романо, новинар на споменатиот весник, ги пренесе деталите од договорот, а Киелини би требало да остане во Торино до 2020. година. Марота и Паратичи веќе ја завршија работата, а официјалната објава се очекува за неколку недели. Романо исто така пренесува дека Киелини одбил да се пресели во англиската Премиер лига за да го продолжи договорот со „Старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И Челзи и Манчестер Сити се обиделе да го доведат како слободен играч, со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот на сезоната. Меѓутоа, Киелини ниту во еден момент не сакал да го напушти Торино, па ниту не преговарал со богатите премиерлигашки клубови. Неговата желба е да ја заврши кариерата во дресот на „Старата дама“, а новиот договор докажува како и дека во клубот го сакаат истото.
Киелини е член на Јувентус од 2005. година и одигра 467 натпревари во црно-белиот дрес. Освои шест титули во Серија А, една Серија Б, три купа на Италија и три Суперкупа на Италија.