Некогаш славниот фудбалер на Челзи, Микел Есиен имаше неславен крај на соработката со клубот од Индонезија Персиб Бандуг каде што пристигна пред една година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на сезоната во Индонезија на Есиен му истече договорот со Персиб кој имаше опција да го задржи. Меѓутоа во овој клуб проценија дека Есиен не им е потребен и му се заблагодарија на соработката.
Есиен сега повторно е слободен играч, но во многу незгоден момент бидејќи во поглемиот дел од лигите се влегува во завршницата, па останува да се види каде фудбалерот од Гана ќе ја продолжи кариерата.
Наводно Есиен би можел да остане во Индонезија и тоа во Бали Јунајтед кој сака да го ангажира по отказот во Персиб.
Микел Есиен за Персиб одигра 29 натпревари и постигна пет погодоци, а во кариерата освен за Челзи играше и за гиганти како Реал Мадрид, Милан, Лион…