Дома Останати Кошарка Teжок удар за Вориорсите – плеј-офот го стартуваат без Стеф Кари!

Teжок удар за Вориорсите – плеј-офот го стартуваат без Стеф Кари!

Стигнаа нови информации за повредата на еден од најдобрите играчи на Голден Стејт, а воедно и во НБА – Стеф Кари.

Вестите не се ни малку добри. Имено Стеф Кари ќе отсуствува од паркетот најмалку три недели.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, после три недели ќе бидат извршени нови прегледи и тогаш ќе се добијат повеќе информации.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата заработи повреда во натпреварот против Атланта во моментот кога соиграчот Џавал Мекги падна на неговата нога.

Кари заработи повреда на лигаментот и наводно се работи за повреда од втор степен. Претходно во текот на денот, спортскиот аналитичар Џеф Стот наведе дека доколку навистина е во прашање повреда од втор степен, опоравувањето ќе трае околу шест недели.

Во случајот на Кари се очекува тој да биде повторно прегледан за три недели и тешко е да се верува дека докторите ќе му дозволат веднаш да заигра.

Иако не се работи за најтешка повреда, ова е секако голем удар за Вориросите кои ќе бидат ослабени на стартот на плеј-офот кој започнува на 14 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Индијана го совлада Њујорк и закажа „мајсторка“ за пласман во конференциското финале

Индијана со 116-103 го совлада Њујорк и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на истокот…