Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер би можел да остане без веќе планираното засилување, а причина за тоа е Барселона.
Имено, „нероаѕурите“ веќе подолго време преговараат со Стефан де Вриј, кој на лето ќе биде слободен агент бидејќи му истекува договорот со Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако медиумите тврдеа дека двете страни постигнале договор и дека Де Вриј сигурно ќе се пресели на „Џузепе Меаца“, сега се појави Барселона.
Каталонците сакаат да ја комплетираат дефанзивната линија и се во потрага по квалитетен дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Умтити и Пике.
Де Вриј е одлична опција за Барселона, бидејќи Холанѓанецот веќе ги докажа своите квалитети во Сериа А, притоа може да пристигне без обештетување.
Сега Интер стравува бидејќи Барселона му нуди поголема плата на дефанзивецот. Меѓутоа, „нероаѕурите“ му нудат сигурно место во стартниот тим, додека во Барселона тешко може да се надева на голема минутажа.