Според аргентинските медиуми понудата е спремна.
Ако може да им се верува на информациите до кој дојде „TNT“, Челзи ја започнува операцијата „Мауро Икарди“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што наведува споменатиот медиум, Челзи до Милано ќе испрати понуда од околу 63 милиони евра, што според ситуацијата на трансфер пазарот изгледа како недоволна за „нероаѕурите“ да кажат „да“.
Икарди во овој момент води преговори со Интер и од Италијанците бара плата од осум милиони евра по сезона.
Сепак, големо влијание во одлуката на Икарди сигурно ќе има неговата сопруга Ванда Нара која е и негов агент. Наводно, нејзина прва опција е Париз што во превод значи – Пари Сен Жермен.
Договорот на Икарди со Интер има важност до јуни 2021 година, меѓутоа очекувањата се клубот да го напушти ова лето.