Сергеј Милинковиќ-Савиќ реши да му се заблагодари на Матеја Кежман за соработката и да премине во редовите на еден од најдобрите менаџери во светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека нов менаџер на ѕвездата на Лацио ќе биде супер-агентот, Жорге Мендеш.
Ова само додатно ги подгреа шпекулациите за трансфер на Милинковиќ – Савиќ во Реал Мадрид, со оглед на фактот дека Мендеш има одлични односи со „кралскиот“ клуб.
Србинот се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, а Лацио сигурно нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.