Дома Фудбал Италија НАГРАДАТА ПРИСТИГНА: Гатузо останува тренер на Милан и добива десет пати поголема плата

НАГРАДАТА ПРИСТИГНА: Гатузо останува тренер на Милан и добива десет пати поголема плата

Според пишувањето на италијанските медиуми, Џенаро Гатузо следната недела би требало да потпише нов договор со Милан.

Гатузо на клупата на „Росонрите“ седна како привремено решение, откако што Милан му врачи отказ на Монтела, но неговото доаѓање го разбуди заспаниот гигант кој, од коло во коло, е се поблиску до четврото место кое води во Лигата на Шампионите. Изгледа дека Гатузо е на добар пат да ја спаси пропаднатата сезона на Милан, а има поддршка и од навивачите и од играчите, а изгледа дека и од управата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џенаро Гатузо има годишна плата од 120.000 евра, со што ја зема најмалата плата во Серија А (се уште го има договорот кога го тренираше младиот тим на Милан), но по потпишувањето на новиот договор неговите примања би требало да изнесуваат десет пати повеќе, па ќе заработува околу 1.2 милиони евра по сезона.

Гатузо со Милан ќе потпише нов договор до 2020. година, а се очекува дека работата официјално ќе биде потврдена следната недела, веројатно во четврток по состанокот со извршниот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…