Шпанските медиуми шпекулираат дека Иван Ракитиќ може да си замине уште во јануари откако полека го губи местото во првиот тим на Барселона, а за тоа може да е виновна една изјава за Пеп Гвардиола.
„Марка“ тврди дека Ракитиќ се повеќе ја губи довербата кај тренерот Луис Енрике и не би било изненадување доколу во јануари го напушти „Камп Ноу“, особено поради фактот што за него интерес покажуваат двата гиганти од Манчестер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Шпанските медиуми шпекулираат дека причината поради која Хрватот ја губи довербата кај Луис Енрике е неговата изјава поврзана за Гвардиола.
„Го одбрав бројот 4 поради него. Тој ми е идол и еден од најдобрите тренери на светот. Би ми било чест да играм за него, а кога веќе не можам на негов тренинг, тогаш се надевам дека барем ќе можеме да испиеме едно кафе“, изјави Ракитиќ во пресрет на гостувањето на Барселона кај Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Случајно или не, по оваа изјава за Гвардиола, Ракитиќ ја губи минутажата. Не стартуваше на два од последните четири натпревари во Примера, а во другите два беше заменет.