Дома Фудбал Го критикуваат, но во едно нешто нема подобар од Азар во Премиер лигата

Го критикуваат, но во едно нешто нема подобар од Азар во Премиер лигата

Eден Азар е мета на критичарите поради променливата форма оваа сезона, но кога е уметноста со топка во прашање, никој ме може да го оспорува.

Азар е далеку најдобар дриблер во Премиер лигата оваа сезона, има дури 128 успешни дриблинзи, што е 41 повеќе од второпласираниот на оваа листа, Вилфред Заха (87).

Можеби Азар заедно со Челзи е во сенка на Мохамед Салах кој постигна 28 голови и води во трката за „Златната копачка“, но Белгиецот е најдобриот дриблер во Премиер лигата.

Во тековната сезона Азар постигна 15 погодоци и подели шест асистенции во сите натпреварувања, што според многумина е слаб учинок за играч кој се смета за еден од најдобрите на Островот, токму поради тоа е мета на критичарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …