Ако некогаш сте се жалеле на лошите услови за игра погледнете го ова…
Не дека и кај нас не постојат лоши услови за игра, но ова е навистина премногу. Во Босна и Херцеговина во изминатиот викенд екипите на Круп и Широки Брег одиграа официјален натпревар во „вода до колена“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека изреката „Кој сака, пронаоѓа начин, кој не бара изговори“ е точна потврдија фудбалерите од Босна кои и покрај невозможните услови и буквално потопениот терен одиграа официјален натпревар од првата лига.
Судијата одлучил натпреварот да се игра бидејќи станува збор за „вештачка“ подлога која би требало да го впива вишокот вода. Меѓутоа, бидејќи неговата проценка беше лоша, натпреварот наликуваше и на ватерполо…
Секако, натпреварот заврши 0:0…Во продолжение погледнете како се „играше“ на поплавениот терен.