Марко Верати беше дел од италијанската репрезентација на Џампјеро Вентура која првпат по 60 години не успеа да оствари пласман на Светското првенство.
Играчот за врска, смета дека 70-годишниот селектор беше недостоен за меѓународно ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Раната е отворена и ќе биде болна кога ќе го гледаме СП на ТВ“, истакна Верати за „Газета дело Спорт“.
„Беше тоа тотален неуспех. Фактот дека Шпанија во група не совлада со 3:0, можеби беше пресуден, тогаш почнавме да не веруваме во себе. Оваа негативност се почувствува во монетот кога се задишавме. Натпреварите од баражот исто така беа грозни. Мораме да гледаме напред и да направиме промени: ние, играчите, први сме одговорни. Во денешниот фудбал, секој има одреден степен на одговорност. Вентура? Имаше тактичка визија. Можеби тоа функционира кај клубовите, но тешко е да апсорбираат повеќе тактики во само неколку дена. Понекогаш кога ја имавме топката, ќе се збуневме. Организацијата е важна, но не е пресудна во репрезентацијата. Јас го почитувам Вентура. Ди Биаџио? Тој го гледа фудбалот како и јас. Тоа може да биде предност. Важно е луѓето да размислуваат дека не играме за пари, туку за честа да се претставува земјата. Играчите заминуваат во пензија? Тоа е личен избор, но како што се гледа со Буфон, нашите врати секогаш се отворени. Ако еден ден треба да ги затвориме, ќе го пропуштиме Буфон на теренот и бо соблекувалната. Тој е референтна точка за сите. Балотели? Често игра во Ница во формација со двајца напаѓачи. Тој е вреден играч и заслужува внимание поради своите перформанси. Многу би ни користел во репрезентацијата ако е во добра форма и ако има добар став. Мораме да го вратиме ентузијазмот и ќе се вратат срцата на навивачите. Резултатите доаѓаат со тешка работа“, истакна Верати во своето опширно излагање за италијанскиот медиумски гигант.