Дома Трансфер зона Обамејанг и Ројс заедно заминуваат од Дортмунд!

Обамејанг и Ројс заедно заминуваат од Дортмунд!

Познато е дека Пјер Емерик Обамејанг е голем навивач на Реал Мадрид и во неколку наврати јавно призна дека сонува еден ден да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, Обамејанг ова лето остана во Дортмунд, но во разговор за „БеИн спорт“ уште еднаш потврди дека неговата желба е Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Париз или Мадрид? Реал е клуб кој е поврзан со моето семејство. Медиумите тоа премногу го потенцираат, но точно е дека мојот детски сон е да заиграм за Реал. Но, среќен сум во Дортмунд, навистина ми е убаво овде. Всушност, не знам дали Реал навистина ме сака. Доколку еден ден пристигне понуда од Реал добро, доколку не, нема проблем“, изјави Обамејанг.

Африканецот потврди дека го сака и ПСЖ, но таму би одел само во пакет со Марко Ројс.

„Да, имаше контакти со ПСЖ, се информираа за мене и за Ројс. Ќе мораат да не земат во пакет двајцата во Париз“, се пошегува Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…