Дома Фудбал Англија „Плавите“ по продолженија се последните патници во полуфиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

„Плавите“ по продолженија се последните патници во полуфиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се последните патници во полуфиналето во рамки на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во рамки на последниот четвртфинален дуел во ФА Купот, Челзи славеше над Лестер по продолженија со резултат 1:2.

Резултатот го отвори Мората во 42. минута во првиот дел со фантастичен погодок, по што се замина со предност на паузата.

Во второто полувреме, Варди постигна погодок за израмнување во 76. минута, по што следеа продолженијата по истекот на регуларните 90 минути.

Во продолженијата, Педро го реши прашањето за последниот патник во полуфиналето, со погодок во 105. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатниот Африканец одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

ЈАН ДИОМАНДЕ (19), репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, го избра Пари Сен-Жерме…