Дома Топ вести Лукаку тврди: Летово ќе пристигнат големи засилувања во Јунјатед!

Лукаку тврди: Летово ќе пристигнат големи засилувања во Јунјатед!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, случајно или намерно, откри дека летово ќе пристигнат големи засилувања на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ после неочекуваната елиминација во ЛШ, синоќа го победија Брајтон и се пласираа во полуфиналето од ФА Купот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лукаку после натпрварот ги израдува фановите и откри дека се очекуваат големи засилувања ова лето.

„Ние сме Манчестер Јунајтед, мора да се развиваме секоја година. Знам само дека следната сезона многу големи играчи ќе дојдат во нашиот тим, тоа е сигурно. Со нетрпение очекувам екипата да се засили, како и тренерот, затоа што следната сезона сакаме да бидеме најдобри“, изјави Лукаку.

Единствена шанса за тројеф оваа сезона за „црвените ѓаволи“ е ФА Купот.

„Мора да се обидеме да дојдеме до трофеј. Не можам да верувам дека нема да бидеме доволно конкурентни, но следната сезона, сигурно ќе бидеме посилни. За дуелот со Севиља знаеме дека нешто не функционираше, затоа и оправдани беа критиките“, истакна Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…