Дома Фудбал Англија Јуанајтед губи поради личен конфликт на Мурињо и Раиола – цената ја плаќаат Погба и Ибра!?

Јуанајтед губи поради личен конфликт на Мурињо и Раиола – цената ја плаќаат Погба и Ибра!?

Некои работи би можеле да бидат појасни, доколку има вистина во зборовите на Романецот…

Жозе Мурињо беше главна тема после вчерашната конференција за медиуимите, а пристигнаа и нови информации кога во прашање е моменталната ситуација во клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, Адријан Муту за медиумите им откри дека има информации според кои Ибрахимовиќ не е повреден, односно дека тој е надвор од тимот поради конфликт со Мурињо.

За што се работи?

Имено, Раиола на Мурињо му доведе неколку играчи, пред сите Златан, но и Михтаријан како дел од размената и Лукаку, секако на врвот е Погба кој беше доведен за светски рекорд.

Конфликтот наводно настанал прво поради Ерменецот, потоа се шпекулираше дека Лукаку го менува агентот, се претпоставува под притисок на клубот, односно Мурињо. Цената ја платил и Ибра, а сега се шпекулира и дека Погба сака да го напушти Јунајтед.

Колку има вистина навистина е тешко да се каже. Од играчите за кои се грижи Раиола тука се уште и резервниот голман Ромеро, Ибра скоро сигурно заминува за неколку месеци, а ќе видиме како сето ова ќе заврши.

Според англиските медиуми Мурињо би се откажал од „добрите услуги“ на Раиола, иако постојат и шпекулации дека Блез Матуиди од Јувентус кој исто така е под „палката“ на Раиола бил понуден на Јунајтед како решение за проблемите од средината на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо ја „отвори вратата“ за заминување на еден од најдобрите во Реал Мадрид

Еден од најперспективните фудбалери на Реал Мадрид, Родриго Гое, би можел да го напушти „С…