Синоќа беа одиграни реванш натпреварите од осминафиналето во ЛЕ. Пласман во четвртфиналето претежно обезбедија екипите од кои тоа се очекуваше после првите натпревари.
Најголемото изненадување го приреди екипата на ЦСКА од Москва, која после домашниот пораз со 1:0, како гостин го совлада Лион со 3:2. За изненадување секако може да се смета и поразот на Борусија од Салзбург.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно, сите осум клубови кои се пласираа во четвртфиналето доаѓаат од различни држави, па така ни една лига нема да има повеќе од еден претставник во завршницата од ова натпреварување.
Шпанија ја претставува Атлетико Мадрид, Франција Марсеј, Италија Лацио, Англија Арсенал, Германија Лајпциг, Португалија Спортинг, Русија ЦСКА и Австрија Салзбург.
Ждребот за четвртфиналето во ЛЕ е закажан за денеска со почеток во 12 часот.