Фудбалерите на Челси синоќа го завршија настапот во Лига на шампиони откако Барселона убедливо ги совлада на Камп Ноу со 3:0.
Плавите од првиот натпревар имаа 1:1 и се надеваа дека можат до четвртфинале, но уште во третата минута примиа гол. Против Лионел Меси едноставно не можеа и шанса за некој подобар пласман ќе чекаат евентуално наредната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот кој се играше не Камп Ноу ја следеше и поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, кој е стручен коментатор на БТ Спорт. Фердинанд во транс го прослави третиот погодок на Барса, мајсторија на Меси.