Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Меси е тој кој прави разлика

Конте: Меси е тој кој прави разлика

Тренерот на Челси, Антонио Конте кажа дека Меси е тој кој ја направил разликата во двомечот на неговиот тим против Барселона.

Челси синоќа испадна од Лига на шампиони откако беше поразен на Камп Ноу од Барса со 3:0, а два гола за Каталонците постигна Меси. Освен тоа, Аргентинецот беше стрелец и на голот на Стемфорд Бриџ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа е причината зошто Конте токму на Меси му ги даде сите заслуги за пласманот на Барса во четвртфиналето.

„Зборуваме за играч кој може да направи разлика. Тој може да го промени резултатот и тоа се виде во овие два натпревари.“ – започна Конте.

„Мислам дека исто така се направи разлика бидејќи погодивме четири пати статива. Среќата ни го сврте грбот и мислам дека резултатот не беше фер вечерва. Имавме прилика да дојдеме до гол, а тие беа немилосрдни во контрите. Нивните играчи навикнале да одат до крајот во ЛШ, додека на многу од моите играчи ова беше прва сезона во ЛШ и ни треба уште многу искуство.“ – заврши Конте.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…