Мичу Батчуаи во Челзи пристигна во 2016. година како еден од најдобрите стрелци во францускиот шампионат, но не ги оправда очекувањата на „Стемфорд Бриџ“.
„Плавите“ дојдоа до титулата во неговата прва сезона во клубот, но тој допринесе со само пет погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа натпреварувачка година се чини дека го пронајде својот вистински ритам во јануари, но Челзи одлучи да го испрати на позајмица во Дортмунд и неговото место да му го отстапи на Жиру.
Процвета во Германија, постигна пет погодоци на шест настапи во Бундеслигата, во последниот дуел со Франкфурт влезе од клупата, постигна два погодоци, вклучувајќи го и победничкиот во корист за „Милионерите“.
Јасно е дека екипата сака да го задржи, а како што пренесува германски „Билд“ тоа ќе можат да го направат за 60 милиони евра.
Марко Ројс верува дека тоа би било добар потег на управата и се надева дека Батчуаи и следната сезона ќе го носи дресот на Борусија.
„Би бил многу среќен доколку Мичу остане. Покажа колку важен може да биде за нас“, истакна Ројс.
И самиот Белгиец изјави дека добро се чувствува во Дортмунд, но дека за се се прашуваат германскиот и англиски клуб.
„Овде се чувствувам многу добро, но се е во рацете на Челзи и Дортмунд“, истакна белгискиот интернационалец.