Дома Трансфер зона Барселона го сака Бака!

Барселона го сака Бака!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Милан, Карлос Бака.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците не се задоволни од учинокот на Пако Алкасер кој ова лето пристигна на „Камп Ноу“ за 30 милиони евра и на негово место го сакаат Карлос Бака.

Бака игра во одлична форма, но во јануари би можел да ја промени средината, а медиумите константно го селат во нов клуб. Неодамна се шпекулираше со интерес од страна на Арсенал, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барса.

Ако им се верува на шпанските медиуми Барса му понудила на Милан размена Бака – Пако Алкасер, па сега се чека одговор од страна на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…