Србија ја доби Хрватска во балканското дерби во четвртфиналето со 86:83 (ВИДЕТЕ ОВДЕ), а селекторот Александар Ѓорѓевиќ вели дека не е задоволен.
„Резултатот е добар, но не мислете дека сме задоволни и дека овде ќе застанеме. Мислам дека имаме и право и обврска и амбиција да се бориме за финалето“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Имаше тензии и нервози од сите страни. Ова не е обичен натпревар бидејќи натпреварите меѓу Хрватска и Србија никогаш не се обични, туку секогаш се поголеми од самиот пласман во полуфиналето од некое натпреварување“, вели Ѓорѓевиќ.
Тој ја пофали Хрватска: „Хрватите се неверојатно искусна и паметна екипа која овде одигра мошне добар турнир“.
Србија за финалето ќе се бори против Австралија од која изгуби во групната фаза.